УЕФА ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ ЗАКАНАТА ЗА БОЈКОТ НА НАТПРЕВАРУВАЊАТА НА ФИФА

    УЕФА ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ ЗАКАНАТА ЗА БОЈКОТ НА НАТПРЕВАРУВАЊАТА НА ФИФАУЕФА ги предводеше нападите на Инфантино и се очекува да продолжи да инсистира на реформа на раководството на ФИФА (Фото: АП)

    УЕФА е подготвена да ја повлече заканата за бојкот на натпреварувањата на ФИФА откако добила уверувања дека нема да се повтори планот на Џани Инфантино за продажба на уделот во Светското првенство на приватни инвеститори. Прашањето ќе биде дискутирано на утрешноот состанок на Извршниот комитет на УЕФА во Монако.

    Порано овој месец, УЕФА изјави дека иако Инфантино се откажа од својот план и се извини за грешките, условите потребни да се спречи бојкот не се исполнети.

    „Треба да се дадат уверувања дека вакви обиди за деформирање на играта никогаш повеќе нема да се направат“, инсистираше УЕФА.

    Доколку заканата за бојкот биде укината, Светското првенство за жени до 20 години следниот месец ќе продолжи според планот.

    УЕФА ги предводеше нападите на Инфантино и се очекува да продолжи да инсистира на реформа на раководството на ФИФА. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека очекува Инфантино да поднесе оставка или да се соочи со конкурент на изборите во март.

    Минатиот месец, сите 55 членки на УЕФА гласаа за бојкот на натпреварувањата на ФИФА додека предлогот на Инфантино не се повлече во целост и не се добијат уверувања дека такво нешто нема да се повтори. Покрај УЕФА, на Инфантино му се спротивставија и Азиската фудбалска конфедерација и КОНМЕБОЛ, која го води фудбалот во Северна Америка и Кариби. Во меѓувреме, некои европски фудбалски федерации ја повлекоа поддршката за реизбор на Инфантино, што последна го направи Италија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира