ПУТИН НЕМА ДА НАПАДНЕ ТЕРИТОРИЈА НА НАТО, ТВРДИ ТРАМП

    ПУТИН НЕМА ДА НАПАДНЕ ТЕРИТОРИЈА НА НАТО, ТВРДИ ТРАМПТрамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на шефот на ЦИА во Москва (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека Русија нема да ги нападне американските сојузници од НАТО. Запрашан дали Владимир Путин се согласил или се обврзал да се воздржи од таква офанзива, Трамп одговори:

    Имав добри разговори со него. Тој нема да напаѓа територија на НАТО“.

    „Вол стрит џурнал“ и „Политико“ претходно објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО за време на неговата посета на Москва оваа недела. Трамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на Ретклиф.

    „Не сакам да коментирам за тоа, но тие нема да нападнат“, тврди американскиот претседател.

    Според „Политико“, директорот на ЦИА ја предупредил Русија да не го ескалира конфликтот, особено кон балтичките држави. Тој, исто така, наводно го повикал Кремљ да ја намали воената и финансиската поддршка за Иран.

    Сепак, официјално е откриено многу малку за содржината на разговорите. Шефот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин потврди дека се сретнал со Ретклиф, но не даде детали за тоа што било разговарано.

    Кремљ ги отфрли извештаите за можни руски подготовки за напад врз НАТО како „хорор приказни“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира