„ТРИСТАН ЗАСЕКОГАШ“ НА ТОБИЈАС НОЛЕ И ЛОРАН БОНАРДО ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „КРОМИД“ ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ НА 17. МАКЕДОКС

    „ТРИСТАН ЗАСЕКОГАШ“ НА ТОБИЈАС НОЛЕ И ЛОРАН БОНАРДО ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „КРОМИД“ ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ НА 17. МАКЕДОКСФестивалот се одржуваше од 20 до 27 август под мотото „Само сонот е стварност“ (Фото; МакеДокс)

    Тристан засекогаш“ на авторите Тобијас Ноле и Лоран Бонардо ја доби главната награда „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм на 17. издание на МакеДокс во Скопје. Жирито кажа дека „Тристан засекогаш“ емотивно го разоружува гледачот уште од самиот почеток преку формално сензуален јазик на интимна едноставност.

    Наградата за филм со најдобри етички идеи му припадна на „Од црвени фенери до рефлектори“ на Бипулџит Басу,

    Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим ја доби наградата „Млад кромид“, победувајќи во категоријата „Нови автори/ки“, додека „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарен филм му беше доделена на „Роење птици“ на Ксавиер Марадес.

    Наградата „Кокарче“ за најдобар студентски филм ја доби „Здраво ново тело, како си денес?“ на Лаура Канси.

    Седумаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм се одржуваше од 20 до 27 август под мотото „Само сонот е стварност“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира