МАКЕДОНСКИТЕ И АВСТРИСКИТЕ АРХЕОЛОЗИ ГИ ОБНОВИЈА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО НЕОЛИТСКАТА НАСЕЛБА АМЗАБЕГОВО

    МАКЕДОНСКИТЕ И АВСТРИСКИТЕ АРХЕОЛОЗИ ГИ ОБНОВИЈА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО НЕОЛИТСКАТА НАСЕЛБА АМЗАБЕГОВОТеренските истражувања се одвиваа во јули, кога активностите беа фокусирани на последната неолитска фаза, кога населбата била на својот залез. (Фото: СДК.МК )

    Домашните археолози во соработка со Археолошкиот институт од Австрија вршат истражувањата во неолитската населба Амзабегово кај Свети Николе.

    „Годинава, теренските истражувања се одвиваа во јули, кога активностите беа фокусирани на последната неолитска фаза, кога населбата била на својот залез. Но, истражувањата мора да продолжат во обид да ги истражиме и дознаеме причините за падот на населбата како една од најголемите на Балканот. Нелитската населба егзистирала повеќе од еден милениум, во периодот од 6300 до 5000 година пред нашата ера“, вели археологот Дарко Стојановски.

    Тој додава дека напоредно со ваквите активности, во 2025 година, во соработка со фондацијата Балканско наследство и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, се организирала археолошка школа со меѓународен карактер, на која студенти од целиот свет ги учеле практичните аспекти на архолошката наука и се запознавале со нашето културно наследство.

    Неолитскиот локалитет Амзабегово почнал да се истражува во 1960 година, кога станал и меѓународно познат, но поради прекинот на истражувањата, брзо се заборавил. Дури во 2019 година започнале нови истражувања, кога во проектот, чиј носител е Музејот во Свети Николе, се приклучиле и експерти од Австрискиот археолошки институт.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира