РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО МОРБИЛИ ВО КОСОВО И БУГАРИЈА, АПЕЛИРАМ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА ОТИ ОПФАТОТ Е МАЛ, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИ

    РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО МОРБИЛИ ВО КОСОВО И БУГАРИЈА, АПЕЛИРАМ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА ОТИ ОПФАТОТ Е МАЛ, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИЗа ниту една вакцина од редовниот календар, за прва доза не е постигнат посакуван опфат од 95%. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Сашо Клековски денеска апелираше родителите да ги вакцинираат децата против морбили. Клековски кажа дека сега опфатот е релативно низок и изнесува 62 отсто.

    „Ова го кажувам бидејќи во моментов расте бројот на случаи на морбили во Косово и Бугарија. Затоа апелирам до родителите да ги вакцинираат децата“, рече на денешната прес-конференција министерот Клековски.

    Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во земјава за ниту една вакцина од редовниот календар, за прва доза не е постигнат посакуван опфат од 95%. За хепатитис Б опфатот е 77%, за хемофилус инфлуенца 78%, дифтерија, тетанус, пертусис 79%, а ист е процентот за вакцината против полио. Најнизок е опфатот за МРП вакцината опфатот е 62% и за ХПВ со 51%. Кај најновите вакцини од пред некоја година внесени во календарот, рота и пневмокок опфатот е 64% и 80%.

    „Имаме и податоци и за ревакцинацијата. Таму состојбата е нешто подобра. На пример, каде што е МРП вакцината тука веќе имаме 85% кај ревакцинацијата, но мора да се напомене дека сепак тоа не е доволно за да се створи колективниот имунитет. За тоа е потребно да имаме минимум 95% и на национално, но и на регионално ниво“, рече Драган Кочински од Институтот за јавно здравје.

    Министерот Клековски кажа дека се намалува бројот на заразени со западнонилска треска. Од 24 до 31 август хоспитализирани се пет пациенти, за разлика од претходните три недели кога бројот на пациенти примени на Клиниката за инфективни болести беше од 9 до 11 лица.

    Досега во земјава регистрирани се вкупно 55 случаи, од кои 53 се потврдени. Од овие 53 еден не е хоспитализиран. Моментално на Инфективна клиника хоспитализирани се 19 хоспитализрани, од кои пет се на интензивно лекување.

    Смртноста во земјава е 11,5%, сите починати се мажи. На Клиниката се хоспитализирани се 4 пати повеќе мажи од жени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира