„АУСТРИЈАН ЕРЛАЈНС“ ЈА ПРЕКИНУВА ЛИНИЈАТА ОХРИД-ВИЕНА ПОРАНО ОД ПЛАНИРАНОТО

    „АУСТРИЈАН ЕРЛАЈНС“ ЈА ПРЕКИНУВА ЛИНИЈАТА ОХРИД-ВИЕНА ПОРАНО ОД ПЛАНИРАНОТОЛинијата Охрид-Виена стартуваше на 21 јуни, повеќе од еден месец подоцна од првично најавеното (Фото: Охридски аеродром)

    „Аустријан ерлајнс“ ќе ги прекине сезонските летови помеѓу Виена и Охрид неколку недели порано од планираното и ќе ги намали фреквенциите во втората половина на септември, објавија специјализираните сајтови за воздушен сообраќај. Авиокомпанијата планира да заврши со летовите на 27 септември, наместо на 18 октомври. Од 17 септември до последната услуга, летовите ќе се одвиваат само еднаш неделно, а не двапати како досега.

    Сезонската линија Охрид-Виена стартуваше на 21 јуни, повеќе од еден месец подоцна од првично најавеното. Новата директна линија требаше да сообраќа двапати неделно, секој четврток и недела, до 18 октомври.

    Во мај годинава, од Македонија се повлече германската авиокомпанија „Луфтханза“, а во зимскиот ред на летање ги нема и линиите Скопје-Варшава на полската национална компанија „Лот“. Последниот лет од Скопје е предвиден за 23 октомври. Од ноември се укинува и летот на нискобуџетната „Изиџет“ за парискиот аеродром Орли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира