УКРАИНА ОШТЕТИ 100 РУСКИ БРОДОВИ, НО НЕ НИ НАНЕСЕ КРИТИЧНА ШТЕТА, КАЖА ПУТИН

    УКРАИНА ОШТЕТИ 100 РУСКИ БРОДОВИ, НО НЕ НИ НАНЕСЕ КРИТИЧНА ШТЕТА, КАЖА ПУТИНПутин вели дека штетата предизвикана од нападите изнесуваат околу 1% од бруто-домашниот производ на Русија (Фото: ДПА)

    Рускиот претседател Владимир Путин призна дека украинските напади со беспилотни летала оштетиле околу 100 руски бродови, но рече дека Киев не нанел критична штета на земјата.

    Мислам дека ни предизвикаа вистинска штета. Луѓе загинаа, морнари, вклучувајќи странци. Меѓу убиените има и граѓани на Азербејџан и Турција“, кажа Путин.

    Според него, прелиминарните проценки на штетата предизвикана од нападите изнесуваат околу 1% од бруто-домашниот производ на Русија.

    Ова не е критична штета за нас, ниту, пак, можат да ни нанесат критична штета“, кажа Путин.

    Украина напаѓа танкери и бродови за жито во Црното Море и Азовското Море како дел од својата кампања против Русија, како и рафинерии и логистички центри во внатрешноста на земјата. Путин рече дека заштитата на руските рафинерии сега е значително подобрена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира