НЕМА ЦЕЛОДНЕВНА НАСТАВА ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО „ВЕРА ЈОЦИЌ“ ВО ОПШТИНА „ГАЗИ БАБА“, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ ОДОБРИЛО ВРАБОТУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИ

    НЕМА ЦЕЛОДНЕВНА НАСТАВА ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО „ВЕРА ЈОЦИЌ“ ВО ОПШТИНА „ГАЗИ БАБА“, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ ОДОБРИЛО ВРАБОТУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИОд Општина Гази Баба велат дека уште во август месец побарале од Министерството за образование да им се одобри вработување на тројца наставници и веднаш штом добијат одобрение ќе се вработи кадар.(Фото:Општина Гази Баба)

    Нема целодневна настава за првачињата во основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром, Општина Гази Баба. Во училиштето каде годинава има три паралелки со првачиња, не се вработени наставници и затоа нема целодневна настава. Родители кои се јавија во нашата редакција велат дека не знаат што да прават бидејќи нема кој да им ги чува децата кои со настава ќе завршуваат околу 11 часот.

    „Училиштето не вработило доволно наставнички кадар за одржување целодневна настава. Со сопругата сме вработени во приватен сектор со строги правила на отсуства и слободни денови. Немаме никакви алтернативи нашето дете да биде земено од школо на крајот од редовната настава. Кога ја запишуваме нашата ќерка во мај, ни беше кажано дека школото обезбедува целодневна настава, а непријатната вест ни беше соопштена првиот ден од училишната година“, ни изјави родител од населбата Хиподром кој се јави во нашата редакција.

    Од Општина Гази Баба велат дека во август месец побарале од Министерството за образование да им се одобри вработување на тројца наставници.

    „Работиме на решавање на проблемот, веднаш што добиеме одобрение ќе распишеме итна постапка за вработување на кадар за да може децата да имаат целодневна настава“, ни одговорија од Општина Гази Баба.

     А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира