НЕКА МЕ ИСМЕЈУВААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, НО ЈАС ОСТАНУВАМ НА СТАВОТ ДЕКА СМЕ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ЧЕТИРИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, ВЕЛИ МИЦКОСКИ

    НЕКА МЕ ИСМЕЈУВААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, НО ЈАС ОСТАНУВАМ НА СТАВОТ ДЕКА СМЕ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ЧЕТИРИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, ВЕЛИ МИЦКОСКИПремиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на изградба на спортската сала во ООУ „Братство“ во скопската Општина Карпош. (Фото: Влада)

    Во второто тромесечје од годината забележана е зголемена економска активност со раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 4,3 проценти, што заедно со растот од 3,1 процент во првиот квартал дава резултат од 3,7 проценти за првото полугодие, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Општина Карпош.

    Според премиерот, ваквиот раст претставува еден од најсилните резултати во Европа за овој период.

    „Сега повторно ги повикувам оние на социјалните медиуми да почнат да ме исмејуваат, но јас ќе си стојам на мојот став дека ова е еден од четирите најголеми растови на БДП и во првата половина на годината, но и во второто тромесечје, при услови кога имаме за истиот квартал во 2025 година 3,5 проценти раст. Да речеме, Словенија има 4,8 во вториот квартал во 2026 година, но 0,7 има во вториот квартал во 2025 година. И пред нас се Малта и Данска“, вели Мицкоски.

    Премиерот додаде дека тековниот полугодишен резултат од 3,7 проценти се постигнува во период кога Европската Унија остварува раст од 1,2 проценти, а еврозоната само еден процент. За разлика од периодот меѓу 2006 и 2008 година, кога домашниот раст од пет до шест проценти се одвивал паралелно со еднаков или поголем европски раст, сегашните параметри, според него, се потврда за успешноста на домашните политики, додавајќи дека исмејувањата на социјалните мрежи не можат да ги побијат официјалните бројки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира