ГРОМ ОТЕПА 95 ОВЦИ ПОД ВРВОТ СОЛУНСКА ГЛАВА

    ГРОМ ОТЕПА 95 ОВЦИ ПОД ВРВОТ СОЛУНСКА ГЛАВАВо делот каде удрил громот не бил овчарот и поголемиот дел од стадото, кое броело околу 1.200 овци. (Фото: СДК.МК)

    Гром на планината Јакупица усмрти 95 овци од стадо на сточар од Горно Јаболчиште. Во невремето кое на 2 септември попладне зафати делови од поширокиот реон на Велешко, гром удрил во стадото кое било во близина на врвот Солунска Глава, потврди велешката полиција.

    Во делот каде удрил громот не бил овчарот и поголемиот дел од стадото, кое броело околу 1.200 овци.

    „На 2 септември во СВР Велес е пријавено дека околу 19:30 часот на планината Јакупица на околу 500 метри под врв Солунска Глава, од удар од гром угинале 95 овци сопственост на Т. У. (37 ) од село Горно Јаболчиште, Општина Чашка“,  соопшти портпаролката на СВР Велес Ана Милевска-Ѓеоргиева.

    Сопственикот за случајот го известил и инспекторот од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).

    Увид на местото близу Солунска глава на 2.500 м. н. в. извршила увидна екипа од СВР Велес и инспектор од АХВ.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира