ЧЕТИРИ СЛИКИ НА РЕНОАР ВРЕДНИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА УКРАДЕНИ ОД МУЗЕЈ ВО ФРАНЦИЈА

    ЧЕТИРИ СЛИКИ НА РЕНОАР ВРЕДНИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА УКРАДЕНИ ОД МУЗЕЈ ВО ФРАНЦИЈА„Коко Лисан“ од 1905 е една од украдените слили (Фото: Музејот на Реноар)

    Четири дела вредни вкупно девет милиони евра се украдени од музејот посветен на францускиот импресионистички сликар Пјер-Огист Реноар во градот Кањ-сур-Мер на југот на Франција, објави градоначалникот Брајан Масон. Тој кажа дека грабежот го извеле две лица, кои при бегството оставиле две од украдените слики.

    Утрово, две лица провалија во Музејот на Реноар и украдоа четири уметнички дела. Алармот во музејот беше активиран во 5:48 часот и само пет минути подоцна, нашата општинска полиција беше на местото на настанот. Снимени од градските надзорни камери, двете лица избегаа. Сторителите активно се бараат, а истрагата е во тек“, изјави Масон.

    Регионалниот весник „Ница-Матен“ објави дека крадците ја пресекле жичената ограда за да влезат во музејот, а кражбата ја темпирале кога се менувал безбедносниот персонал.

    Локалните медиуми ги објавија имињата на украдените слики, сите од Реноар, кои потекнуваат од периодот меѓу 1886 и 1910 година.

    Музејот на Реноар се наоѓа во Кањ-сур-Мер, град на француската ривиера. Сместен е на имотот каде што Реноар ги поминал последните години од својот живот, на неколку минути возење од Ница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира