Унгарија протера 10 руски дипломати, велејќи дека постапувале на начин несоодветен со нивниот дипломатски статус.
„Оние кои беа протерани биле вклучени во активности во Унгарија кои се неприфатливи за дипломатите според Виенската конвенција. Унгарија ги повика дотичните лица да ја напуштат земјата“, изјави унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан, без да наведе детали.
Таа додаде дека овој чин не подразбира прекин на дипломатските односи со Русија.
„Унгарија има намера да го продолжи потребниот дијалог, врз основа на меѓусебно почитување и почитување на правилата“, рече Орбан.
Руското министерство за надворешни работи соопшти дека ќе возврати за протерувањето на унгарски дипломати.
„Одговорот на русофобичното лоби во Будимпешта ќе биде суров и болен“, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова.



