ИАКО ВМРО-ДПМНЕ И ВРЕДИ СЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ, НА ВОНРЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА ЌЕ НАСТАПАТ СО ОДДЕЛНИ КАНДИДАТИ

    ИАКО ВМРО-ДПМНЕ И ВРЕДИ СЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ, НА ВОНРЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА ЌЕ НАСТАПАТ СО ОДДЕЛНИ КАНДИДАТИВонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница доаѓаат откако во јуни оваа година ненадејно почина Јовица Илиевски, кој во ноември 2025 година по вторпат беше избран за градоначалник на Општина Брвеница. (архивска фотографија)

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на редовна седница едногласно одлучи Стојанчо Радичевски да биде кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори. Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.

    Свој кандидат за претстојните вонредни локални избори за градоначалник на Општина Брвеница истакна и Вреди, иако со ВМРО-ДПМНЕ се коалициони партнери во Владата.

    Вреди ќе го претставува Јакуп Хусеини, кој исто така е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница.

    Вонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница доаѓаат откако во јуни оваа година ненадејно почина Јовица Илиевски, кој во ноември 2025 година по вторпат беше избран за градоначалник на Општина Брвеница.

    Од СДСМ и од ДУИ, кои на последните локални избори исто така имаа свои кандидати за градоначалник на Брвеница, засега нема информации дали ќе излезат со сопствен кандидат.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира