Спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Џонсон, предвреме ги распушти пратениците во пресрет на меѓуизборите во САД, спречувајќи неколку важни гласања.
Ова се случи ден по посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон, каде што се сретна со конгресмени и со претставници на економскиот сектор.
Поради предвременото распуштање на Домот нема да се гласа за отповикување на министерот за одбрана Пит Хегсет и за предложеното законодавство за вештачка интелигенција, на што жестоко реагираа демократските конгресмени.
„Мислам дека тоа го покажува кукавичлукот на Републиканската партија. Тие го откажуваат гласањето за прашања важни за американскиот народ бидејќи стравуваат дека резолуцијата за отповикување на Пит Хегсет би била усвоена со поддршка од двете партии“, изјави демократската пратеничка Прамила Џајапал.
Паузата пред меѓуизборите официјално требаше да почне утре, но Џонсон неколку дена претходно ги откажуваше планираните гласања. Повеќе од 100 демократи од Претставничкиот дом преку писмо побараа од Џонсон да ја одложи претстојната пауза во работата за да може да се изготви законска регулатива за заштитни мерки за вештачката интелигенција.



