Прочуениот руски филмски режисер Андреј Звјагинцев, кој во повеќе наврати ја критикуваше војната во Украина, е прогласен за странски агент, објави државната новинска агенција „ТАСС“. Филмот на руски јазик во продукција на француски компании е избран за годинешен кандидат на Франција за Оскар за најдобар странски филм.
Русија ја користи оваа ознака, која носи конотации на шпионажа, за лица за кои смета дека се занимаваат со активности против Русија со поддршка од странство. Звјагинцев годинава освои Гран при нат фестивалот во Кан за филмот „Минотаур“, кој раскажува за руски бизнисмен принуден да одлучи кои од неговите вработени треба да бидат мобилизирани и испратени да се борат во Украина.
„Милиони луѓе од двете страни на фронтот сонуваат само за едно: масакрите да престанат“, рече Звјагинцев во говорот при примањето на наградата, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин е единствениот кој може да стави крај на војната.
Критичарите го сметаат „Минотаур“ како еден од најкритичните осврти на Звјагинцев кон политичката и моралната состојба во Русија.
Режисерот живее надвор од Русија од почетокот на пандемијата на ковид-19.



