БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ ФАБРИКИТЕ И СКЛАДИШТАТА ЗА ОРУЖЈЕ СО СИСТЕМИ ПРОТИВ ДРОНОВИ

    БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ ФАБРИКИТЕ И СКЛАДИШТАТА ЗА ОРУЖЈЕ СО СИСТЕМИ ПРОТИВ ДРОНОВИОвој потег следува неколку дена откако избувна пожар во складиште за оружје во бугарското село Белица (Фото: Икс)

    Бугарија ќе почне да ги опремува критичните инфраструктурни објекти со системи против беспилотни летала и ѝ нареди на полицијата да ги засили патролите на местата за производство и складирање на оружје, соопшти министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев.

    Овој потег следува неколку дена откако избувна пожар во складиште за оружје управувано од компанијата „EMЦО“, што предизвика загриженост за безбедноста на производителите на муниција во земјата. EMЦО“ тогаш соопшти дека пожарот е резултат на саботажа, наведувајќи повеќе од 10 слични инциденти во бугарските одбранбени фирми од 2011 година, но не идентификуваше ниту еден осомничен.

    EMЦО“ го води бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, чии објекти, според бугарските обвинители, претходно биле цел на напади од страна на руски оперативци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира