„Антропик“ објави дека дека неговата вештачка интелигенција „Клод“ води 26% од работата за истражување и развој на вештачка интелигенција (ВИ) во компанијата, што е дел од новите мерки што ќе ги објавува редовно за да им покаже на надворешните лица колку брзо ВИ ја гради следната генерација на оваа технологија.
Вештачката интелигенција, исто така, соработувала со луѓе на повеќе од 90% од истражувачката работа што се одвивала во компанијата од август, објави „Антропик“.
Од фирмата изјавија дека „Клод“ не работи целосно автономно во ниту еден дел од мерената работа, но неговиот придонес во развојот на технологијата брзо се зголемил од 1% во март.
Бројките нудат еден од најдеталните јавни увиди во тоа како водечките компании во индустријата ја развиваат технологијата, во услови на растечка загриженост дека ВИ наскоро би можела да достигне точка кога би можела да го храни сопствениот развој со малку придонес од луѓето. Истражувачите предупредуваат дека ВИ-системите стануваат поавтономни и можат да развијат однесувања што се разликуваат од намерите на нивните креатори и да станат потешки за следење или контрола.
Конкурентот на компанијата, „ОпенАИ“, оваа недела изјави дека ќе почне редовно да објавува извештаи за неочекувано или неовластено однесување на вештачката интелигенција, откривајќи шест вакви случаи досега.



