Полицаец бил истепан од мексикански државјанин во паркот во скопската Општина Ѓорче Петров на 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер фест-звуците на културата“. Осомничениот почнал да го тепа полицаецот откакото тој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе.
Против лицето Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.
Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен.



