КАДИРОВ ПЕТТИ ПАТ ИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ЧЕЧЕНИЈА, ОСВОИ 99,85% ГЛАСОВИ

    КАДИРОВ ПЕТТИ ПАТ ИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ЧЕЧЕНИЈА, ОСВОИ 99,85% ГЛАСОВИКадиров редовно ја нагласува својата лојалност кон Путин и се залага за тврд став кон Украина (Фото: ДПА)

    Рамзан Кадиров, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, по петти пат е избран за лидер на Чеченија, освојувајќи речиси 100% гласови.

    Русија вчера ги заврши тридневните избори за долниот дом на парламентот, како и за регионалните законодавни тела и гувернери. Партиите и кандидатите поддржани од Кремљ убедливо победија на изборите откако на повеќето антивоени кандидати им беше забрането да учествуваат, покажаа резултатите. Партијата на Путин, Единствена Русија, ќе има рекордни 355 пратеници во новиот состав на парламентот.

    Централната изборна комисија на Русија соопшти дека Кадиров освоил 99,85% од гласовите во Чеченија, што е малку повеќе од 99,73% во 2021. Меѓународните набљудувачи во минатото остро го критикуваа спроведувањето на изборите во малиот планински регион.

    Кадиров редовно ја нагласува својата лојалност кон Путин и се залага за тврд став кон Украина, каде што неговите чеченски сили се борат од 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира