ПОРАДИ НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА АЛИ СИНАНИ, В. Д. ДИРЕКТОРКА Е НАРОНА ВЕСЕЛИ

    ПОРАДИ НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА АЛИ СИНАНИ, В. Д. ДИРЕКТОРКА Е НАРОНА ВЕСЕЛИСинани, кој изминативе две децении живее во Швајцарија беше назначен за нов директор лани во јули. (Фото: Албинфо, Швајцарија)

    Разрешен е директорот на Националната галерија на Македонија (НГМ) Али Синани поради незаконско и неправилно работење, вели Министерството за култура и туризам. За в. д. директорка е назначена Нарона Весели од редот на вработените.

    „Али Синани е разрешен врз основа на извршен вонреден инспекциски надзор од овластен инспектор за култура, каде се констатирани повеќе незаконитости и неправилно работење, како и поради нереализација на дел од годишната програма за работа на националната установа за 2026 година“, велат од Министерството за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Синани беше назначен за нов директор лани во јули, во мандатот на тогашниот министер за култура Зоран Љутков.  Синани е роден во 1977 во Гостивар, а изминативе 25 години живее и работи во Швајцарија. Откако беше назначен Синани, вработени во Националната галерија побараа од Министерството за култура итно да ја поништи одлуката. Тие реагираа дека не се согласуваат со одлуката за именување директор на институцијата бидејќи тој нема никакво професионално искуство во музејкста дејност и јавно бараа преиспитување и итно поништување на одлуката.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира