„СЛЕПЦИ“ НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР ОД СКОПЈЕ ОСВОИ 4 ГЛАВНИ НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ДРАЧ

    „СЛЕПЦИ“ НА ТУРСКИОТ ТЕАТАР ОД СКОПЈЕ ОСВОИ 4 ГЛАВНИ НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ДРАЧЕкипата на претставата со режисерот Ријани (трет од десно) со наградите во Драч. (Фото: Турски театар)

    Турскиот театар од Скопје освои 4 награди за претставата „Слепци“ во режија на Ќендрим Ријани, на првото издание на Меѓународниот фестивал во Драч, Албанија. „Слепци“ ја доби наградата за најдобра претстава, за режија, за најдобра актерска изведба во целина, како и специјално признание од жирито за актерката Сузан Акбелге.

    „Слепци“ е работена според истоименото дело на Морис Метерлинк и книгата ,,Погубни идентитети” од Амин Малуф. Играат Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радончиќ и Един Јакуповиќ. Музиката е на Емрах Џемаили, а костимите на Медина Хоџа и Маја Ѓуреска.

    Во претставата, единаесет слепи ликови фрлени во просторот се трудат да го најдат патот и да се вратат назад. Притоа одново доживуваат моменти од нивните животи.

    „Слепци“ на минатогодишниот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп освои повеќе награди, меѓу кои за најдобра режија за Ријани и за Вујошевиќ за најдобра млада актерка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира