Актерот Јордан Симонов е назначен за уметнички директор на Македонскиот народен театар (МНТ). Симонов, кој е првенец член на ансамблот на МНТ на функцијата е назначен од директорот Никола Кимовски, а пред тоа беше член во уметничкиот совет на театарот.
„Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско, назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата. Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл – претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците“, соопшти МНТ.
Симонов е наградуван актер со улоги во 26 претстави, меѓу кои и „12“ од 2024, „Варвари“ од 2025, „Сонцето, колку е блиску сонцето Made in МNT“ од 2025, мјузиклот „Као какао“ од 2026 и други.



