ПОЧИНА БИЉАНА ПЛАВШИЌ, БИВШАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ОСУДЕНА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА

    ПОЧИНА БИЉАНА ПЛАВШИЌ, БИВШАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ОСУДЕНА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВАПлавшиќ во 2003 беше осудена на 11 години затвор

    На 96 години почина Биљана Плавшиќ, поранешната претседателка на Република Српска, која во Хаг беше осудена за воени злосторства. Надвор од политиката, Плавшиќ беше универзитетска професорка и доктор на биолошки науки.

    Таа доброволно му се предаде на Хашкиот суд во јануари 2001, откако беше обвинета во март 2000. Откако се изјасни како виновна, во 2003 беше осудена на 11 години затвор. Судот кажа дека таа учествувала во прогонот на босанските муслимани и Хрвати и другото несрпско население во 37 општини, поддржувајќи ја кампањата која довела до смрт и протерување на илјадници цивили.

    Плавшиќ одлежа само шест години од казната, пред да биде ослободена во октомври 2009. Во Белград живееше повлечено, без политички активности.

    Плавшиќ дипломирала биологија на Природно-математичкиот факултет во Загреб, каде што докторирала ботаника. Таа беше професорка и деканка на ПМФ во Сараево, но во пресрет на распадот на Југославија ја напушти универзитетската кариера и влезе во политиката. Извршуваше високи функции во БиХ, но по почетокот на војната во 1992 премина во претседателството на Република Српска. Од 1996 до 1998 беше и претседателка на РС, по што продолжи со активен политички ангажман до 2000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира