Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ќе престојува во Грција на 6-7 октомври, при што неговото доаѓање во Атина ќе биде првпат актуелен државен секретар лично да застане на чело на американската делегација на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција од основањето на овој форум.
Во Атина, Рубио ќе ја води делегацијата на САД на шестата рунда од Стратешкиот дијалог, со цел да се продлабочи билатералната соработка околу клучните американски приоритети, меѓу кои спаѓаат одбранбените врски, регионалната безбедност и енергетиката.
Оваа посета следува по неколкумесечни контакти на високо ниво со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис и се одвива во услови на зголемен ангажман на САД во регионот. Тоа ги вклучува енергетските истражувања предводени од американската компанија „Шеврон“ јужно од Крит, како и можната поддршка од Вашингтон за проектот „Грејт си интерконектор“, наменет за поврзување на Грција, Кипар и Израел.
Патувањето на Рубио го покажува зголемениот стратешки фокус на Вашингтон кон Источниот Медитеран, каде што Грција сè поизразено се позиционира како клучен партнер на Соединетите Држави во контекст на поширокото регионално ривалство со Кина.



