„КОЈА Е ЛОРЕТ“ ГО ОТВОРА 5. ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКИ ТЕАТРИ „ИГОР МАЏИРОВ“ ВО СКОПЈЕ

    „КОЈА Е ЛОРЕТ“ ГО ОТВОРА 5. ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКИ ТЕАТРИ „ИГОР МАЏИРОВ“ ВО СКОПЈЕСвеченото отворање на Фестивалот е на 13 октомври со претставата „Која е Лорет“ во продукција на Театарот за деца и младинци. (Фото: ТДМ)

    Од 13 до 17 октомври  во Скопје ќе се одржи јубилејното, 5.  издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, во организација на Театарот за деца и младинци (ТДМ). Слоганот годинава е „Сите сме исти. Јас и ти.“

    Претставите ќе се одржуваат на сцените на ТДМ, Македонскиот народен театар (МНТ) и Драмски театар Скопје.

    „Петтото издание на фестивалот ‘Игор Маџиров’ е значаен момент за Театарот за деца и младинци и за континуитетот на оваа меѓународна манифестација. За нас, Фестивалот е можност нашата публика да види различни театарски претстави, а нашите уметници и соработници да разменат искуства со колеги од другите. Пораката ‘Сите сме исти, јас и ти’ ја гледаме како покана за блискост и разбирање, но и за потсетување дека културата треба да биде достапна и отворен“,  изјави директорката на ТДМ Фросина Карловицс.

    Селекторката на Фестивалот Катарина Илиевска-Силјановска кажа дека во процесот на селекција трагала по претстави коишто не ја потценуваат детската и младинската публика, туку напротив, ја поттикнуваат нивната чиста интелигенција и фантазија.

    „Со изборот на претставите на Фестивалот сакавме да доближиме нешто што е блиску до нив. Нивните интереси се знае дека се повеќе насочени кон социјалните медиуми, но сепак театарот е тука за да малку од малку им го промени тој начин на размислување“, изјави Илиевска-Силјановска.

    Свеченото отворање на Фестивалот е на 13 октомври во 19:30 часот на сцената на ТДМ со претставата „Која е Лорет“ во продукција на ТДМ, а на 14 октомври на сцената на МНТ е „Пинокио“ во 11 часот на Народен театар Битола (4+), во 17 часот на малата сцена на МНТ е куклената претстава „Стара планина“ на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија (8+), а во 19:30 во ТДМ се гостите од Хрватска со „Со балон над Кападокија“ (7+). На 15 октомври во 11 часотво   во ТДМ е куклената претстава „Слатки зборови“ од Градскиот куклен театар од Риека, Хрватска (3+), а во 19:30 во ТДМ е куклената претстава „Ламба“ на театарот од Шпанија (6+). На 16 октомври во Драмски театар во 11 часот е „Пилотот и малиот принц“ (7+), гостување на куклениот тетар од Острава, Чешка, во 13 часот во ТДМ е „Чуварот на последното дрво“ од Театар за тебе (4+) и во 19:30 во ТДМ е куклената „Садако сака да живее“ (11+). Последниот ден, на 17 октомври во 11 часот е куклената претстава на ТДМ „Црвенкапа“ (3+) и во 19,30 „Дрвјанковци“ која е куклена претстава на театарот од Чаковец, Хрватска (11+).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира