ПЕНТАГОН ЌЕ ГО ПРЕНЕСУВА ВО ЖИВО ПРВОТО ВОЕНО ПОГУБУВАЊЕ СО СТРЕЛАЊЕ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ПЕНТАГОН ЌЕ ГО ПРЕНЕСУВА ВО ЖИВО ПРВОТО ВОЕНО ПОГУБУВАЊЕ СО СТРЕЛАЊЕ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАХасан беше осуден на смрт откако во 2009 уби 13 невооружени американски војници (Фото: Гети)

    Јавноста ќе може да го следи погубувањето на поранешниот мајор на американската армија Нидал Хасан со стрелање, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет. Хасан беше осуден на смрт откако во 2009 година уби 13 невооружени американски војници во базата „Форт Худ“ во Тексас и рани уште 32.

    Ова ќе биде прво јавно погубување во САД по речиси еден век и прво воено погубаање со стрелачки вод од Втората светска војна.

    „Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат. Луѓето треба да разберат дека постојат сериозни последици за ваквите дела“, изјави Хегсет.

    Тој најави дека погубувањето ќе се изврши на 3 декември во „Форт Худ“.

    „Одлуката за пренос во живо е без преседан во модерната ера и се одвива на несигурен правен терен. Ќе бидам изненаден ако навистина се изврши“, изјави Џон Милс, адвокат кој работи со затвореници осудени на смрт.

    Масовното убиство од 5 ноември 2009 е најсмртоносниот напад во американска воена база во неборбени услови. Нападот се случи во преполна медицинска зграда, каде што војниците чекаа прегледи и вакцини.

    Иако минатата година биле извршени повеќе од 2.700 смртни казни во 17 земји, само две земји ги спровеле јавно: 11 во Иран и шест во Авганистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира