Во црквата „Св. Спас“ во Скопје е отворена изложба посветена на 80-годишнината од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев. На 12 паноа се претставени дел од животот и делото на Делчев, неговите писма, како и преписките помеѓу двете влади за пренесувањето на неговите посмртни останки од Софија во Скопје.
„Изложбата ја изработи Државниот архив на Македонија. Претставени се дел од неговите живот и дело, неговата фамилија и сѐ она што е необјавено за Гоце Делчев. Изложен е и оригиналниот саркофаг во кој останките се пренесени од Софија во Македонија“, изјави директорот на Конзерваторскиот центар Скопје, Филип Даневски.
Изложбата ќе биде достапна за јавност од вторник, па сѐ додека дозволуваат временските услови во црквата „Св. Спас“.
Посмртните останки на Гоце Делчев беа пренесени во црквата „Св. Спас“ на 10 октомври 1946. Церемонијата започнала на 7 октомври, а Македонците, во знак на почит, три дена пешки го носеле ковчегот од Софија до неговата крајна дестинација.






