ТРАМП И РУБИО РАЗМИСЛУВААТ ЗА СМЕНА НА АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО ГРЦИЈА ПО НИЗА ИЗВЕШТАИ ЗА НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ

    ТРАМП И РУБИО РАЗМИСЛУВААТ ЗА СМЕНА НА АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО ГРЦИЈА ПО НИЗА ИЗВЕШТАИ ЗА НЕДОЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕНови извештаи против Кимберли Гилфојл се појаавија и за време на посетата на Рубио на Атина минатата недела (Фото: АП)

    Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина. Висок американски функционер изјави дека Трамп и Рубио биле многу лути поради наводите за однесувањето на Гилфојл и дека веројатно оваа недела ќе одлучат какви чекори ќе преземат.

    Во серија написи, „Вол стрит џурнал“ извести за проблематичното однесување на Гилфојл, што вклучувло наводна закана кон грчки функционер, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање висока сметка од кредитна картичка.

    Гилфојл не се осврна директно на извештаите, но нејзините адвокати негираа дека таа сторила нешто недозволено и тврдеа дека парите што ги побарала од донатор на Трамп претставувале исплата за ангажмани кои претходно не ѝ биле платени. Адвокатите ги отфрлија обвинувањата за неправилности поврзани со патувањата на Гилфојл со приватни авиони.

    Друг американски функционер изјави дека генералниот инспектор на Стејт департментот ги истражува наводите, кои првпат се појавија во „Вол стрит џурнал“ кон крајот на минатиот месец и оттогаш се намножија.

    Во првиот извештај беше објавено дека Гилфојл рекла на еден прием дека САД можат да ја поткопаат грчката влада доколку одлучат и ги промовирала деловните интереси на една грчка градежна и енергетска компанија.

    Додека Рубио беше во Атина минатата недела, „Вол стрит џурнал“ објави дека Гилфојл побарала од донатор и поддржувач на Трамп да плати сметка од кредитна картичка од 100.000 долари, ветувајќи му пристап до претставници на американската влада.

    Самото назначување на Гилфојл за амбасадорка беше проследено со контроверзи, бидејќи таа е поранешна свршеница на синот на Трамп, Доналд Џуниор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира