Лет на „Квантас“ од Италија до Австралија беше откажан викендов по појава на стеници во авионот.
За време на претходниот лет во петокот, кој трае речиси 17 часа од Перт до Рим, некои патници се пожалиле дека ги каснуваат бубачки, објави „Сиднеј морнинг хералд“. Им биле дадени антихистаминици за да се ублажи чешањето, но залихите ги снемало.
„‘Боингот 787 дримлајнер‘ мораше да биде приземјен за длабинско чистење откако беше идентификуван проблем на мал број седишта од економската класа“, изјави портпарол на „Квантас“.
На сите засегнати патници им било обезбеден сместување и биле резервирани алтернативни летови во рок од 48 часа од нивното првично планирано заминување, соопшти авиопревозникот.
Стеници се мали паразити кои можат да живеат на облека, мебел и постелнина. Нивните каснувања можат да чешаат, но обично не предизвикуваат посериозни здравствени проблеми. Но, ослободувањето од нив може да биде тешко и скапо.



