ОПЕРИРАН ПАПАТА ЛАВ, МУ ОТКРИЛЕ РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

    ОПЕРИРАН ПАПАТА ЛАВ, МУ ОТКРИЛЕ РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИПапата ќе остане во болница околу една недела (Фото: ДПА)

    На папата Лав 14-ти му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран за отстранување на долниот лобус од десното белодробно крило, соопшти Ватикан.

    Седумдесет и едногодишниот папа вчера бил подложен на 90-минутна операција во болницата „Џемели“ во Рим, а потоа му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови.

    „Операцијата беше успешна и немаше компликации. По операцијата, папата се разбуди нормално и по краток период на набљудување се врати во својата соба“, соопшти Ватикан.

    Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“. Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Извор од Ватикан изјави дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил.

    Нодулите се доста честа појава и не мора да бидат канцерогени, но откако биле прегледани, медицинскиот тим потврдил дека станува збор за пулмонален аденокарцином. Ватикан нагласи дека папата, кој генерално е во добра здравствена состојба, немал симптоми на инфекција или болест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира