ЌЕ ЗАПОЧНЕМЕ СО ГОЛЕМИ ИСТРАЖУВАЊА НА НАФТА, ГАС И МИНЕРАЛИ НА ГРЕНЛАНД, КАЖА ТРАМП

    ЌЕ ЗАПОЧНЕМЕ СО ГОЛЕМИ ИСТРАЖУВАЊА НА НАФТА, ГАС И МИНЕРАЛИ НА ГРЕНЛАНД, КАЖА ТРАМПСАД, Данска и Гренланд минатиот месец потпишаа договор по заканите на Трамп дека ќе го преземе овој стратешки важен остров (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека ќе започне масовно истражување на нафта, гас и минерали на Гренланд. Тој не сподели детали за плановите за истражување, но рече:

    „Постојат експерти кои велат дека количината на лесно достапна нафта на Гренланд е далеку поголема од онаа на кое било друго место на светот“.

    САД, Данска и Гренланд минатиот месец потпишаа договор, со цел да се стави крај на тензиите по заканите на Трамп дека ќе ја преземе контролата врз овој стратешки важен остров.

    „Секој иден напад врз Соединетите Американски Држави ќе мора да се случи преку Гренланд, каде што нашата одбрана рутински ќе соборува беспилотни летала, ракети или која било форма на оружје што сè уште не е ни измислена“, кажа Трамп.

    Спогодбата потпишана помеѓу САД, Данска и Гренланд ја проширува улогата на американската војска на Гренланд и ги потврдува данскиот суверенитет и правото на самоопределување на жителите на Гренланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира