ДВЕ ДЕЦА И ЕДЕН ПОЛНОЛЕТЕН ШТИТЕНИК ИЗБЕГАЛЕ ОД ЗАТВОРЕНИОТ ДЕЛ ВО ВОСПИТНО-ПОПРАВНИОТ ДОМ „ТЕТОВО”, НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ БИЛ ЗАТВОРСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ

    ДВЕ ДЕЦА И ЕДЕН ПОЛНОЛЕТЕН ШТИТЕНИК ИЗБЕГАЛЕ ОД ЗАТВОРЕНИОТ ДЕЛ ВО ВОСПИТНО-ПОПРАВНИОТ ДОМ „ТЕТОВО”, НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ БИЛ ЗАТВОРСКИОТ ПОЛИЦАЕЦВо затворената институција се сместени на издржување воспитни мерки изречени со судски одлуки една многу специфична категорија деца и малолетноци. (Фото: СДК.МК)

    Од Воспитно-поправниот (ВП) дом „Тетово” во Волковија, Општина Брвеница вчера избегале тројца штитеници од таканареченото затворено одделение со построги мерки.

    „Во СВР Тетово од страна на ВП дом ‘Тетово’ вчера е пријавено бегство, односно оддалечување на тројца штитеници од оваа затворена установа. Од полицијата се бара да ги обезбедиме и вратиме во домот”, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од тетовската полиција.

    Директорот на „Тетово” Бране Стојчевски е недостапен да одговори на прашањата каде бил припадникот на затворската полиција, што правел додека штитениците си излегувале слободно низ вратата, дали ако слободно излегуваат може секој слободно да влезе во затворената институција во која се сместени на издржување воспитни мерки изречени со судски одлуки една многу специфична категорија деца и малолетноци.

    Побарвме одговор и од Управата за извршување на санкциите, но директорот Александар Пандов кажа оти само што влегува во Македонија од службен пат, а директорот Стојчевски бил недостапен и за неговиот кабинет.

    Освен што има нередовен образовен процес во ВП домот, Народниот правобранител утврди преобемно давање седативи место психотерапија на оваа специфична и многу ранлива категорија млади кои се судриле со законот, а во последно време има гласини и дека таму одредени вработени применуваат физичка сила врз штитениците, најчесто шамари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира