РАМА ГИ ОТФРЛА ПОВИЦИТЕ ЗА ОСТАВКА ДОДЕКА СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ СЕ ШИРАТ НИЗ АЛБАНИЈА

    РАМА ГИ ОТФРЛА ПОВИЦИТЕ ЗА ОСТАВКА ДОДЕКА СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ СЕ ШИРАТ НИЗ АЛБАНИЈАДемонстрантите ги обвинуваат властите за корупција и за занемарување на образованието (Фото: АП)

    Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли повиците да поднесе оставка, додека илјадници демонстранти предводени од студентите кршеа и се бореа со полицијата во Тирана.

    Демонстрантите ги обвинуваат властите за корупција и за занемарување на образованието и велат дека се лути поради продажбата на делови од јужното крајбрежје на Албанија заради изградба на луксузно одморалиште, поврзано со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

    Улиците во Тирана беа полни со изгорени канти за отпадоци, уништени автобуски постојки и скршени семафори. Полицијата употреби солзавец, шок-бомби и водени топови против демонстрантите, кои фрлаа камења, палеа, поставија барикади и упаднаа во банка.

    Ден претходно, демонстрантите нападнаа владини згради, банки и деловни објекти, при што беа повредени десетици луѓе.

    Демонстрантите бараат оставка од Рама, велејќи дека никој не ги слушал нивните грижи во текот на летото, кога се одржуваа главно мирни протести против луксузното одморалиште Рама изјави дека е подготвен да разговара за проблемите во образованието, но ги отфрли барањата за оставка.

    „Моја одговорност е да слушам, да одговорам на оправданите грижи и да ја движам Албанија напред. Сè друго би било предавство кон Албанците, кои ми дадоа силен мандат да ги завршам преговорите за членство во Европска Унија“, рече Рама.

    Протестите, кои почнаа во вторникот, претставуваат досега најголем предизвик за Рама, кој минатата година го освои четвртиот мандат. Парламентот ја откажа вчерашната седница откако во близина повторно изби насилство.

    На централниот плоштад „Скендербег“ полицијата ги удираше демонстрантите кои бегаа, додека во Скадар тешко бил повреден полициски командант. Локалните медиуми јавија дека протести се одржуваат и во Драч, Елбасан, Кукеш и Валона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира