НА АЕРОДРОМОТ ВО КЕЛН ФАТЕН МАЖ СО НАД 90 ЗМИИ И ГУШТЕРИ ВО КУФЕРОТ

    НА АЕРОДРОМОТ ВО КЕЛН ФАТЕН МАЖ СО НАД 90 ЗМИИ И ГУШТЕРИ ВО КУФЕРОТМажот кажал дека ги донел животните како услуга за еден познаник од Бразил (Фото: Германски царини)

    Еден маж бил запрен на аеродромот Келн-Бон во Германија откако се обидел да прокриумчари повеќе од 90 гуштери и отровни змии.

    Царинските службеници изјавија дека 45-годишниот мексикански државјанин изгледал видно вознемирено додека се обидувал да помине низ „зелениот коридор“ на аеродромот, наменет за патници кои немаат стока за пријавување. Тие направиле тест за присуство на наркотици, кој бил позитивен на кокаин, по што му го провериле куферот.

    Иако не пронашле дрога, откриле змии отровници и други видови змии и гуштери. Животните биле сокриени во шишиња за шампон и креми, пластични садови и во топки направени од чорапи.

    „Моите колеги на аеродромот се навикнати на секакви сувенири во куферите, но досега не сме наишле на 37 живи отровни змии и 55 гуштери“, изјави Јенс Аланд, портпарол на Царинската управа во Келн.

    Според него, некои од животните биле чувани во нехумани услови, а други угинале за време на патувањето од Мексико преку Истанбул. Мажот им кажал на службениците дека ги донел животните како услуга за еден познаник од Бразил. Откако му бил одбиен влезот во Германија, тој бил испратен назад во Истанбул.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира