ЛИТВАНИЈА ИМ КАЖА НА ЖИТЕЛИТЕ ДА ОДАТ ВО ЗАСОЛНИШТА ОТКАКО БЕШЕ ОТКРИЕН ЛЕТЕЧКИ ОБЈЕКТ

    ЛИТВАНИЈА ИМ КАЖА НА ЖИТЕЛИТЕ ДА ОДАТ ВО ЗАСОЛНИШТА ОТКАКО БЕШЕ ОТКРИЕН ЛЕТЕЧКИ ОБЈЕКТЛитванската армија вршееше увид во остатоци, за кои се претпоставува дека се од дрон, во близина на селото Јуоџионис во северна Литванија, откако летечкиот објект исчезна од радарите. (Фото: АП)

    Литванија утринава им наложи на жителите во централните и северните делови на земјата да се засолнат во објекти за заштита во траење од околу еден час, поради појава на неидентификуван летечки објект, соопштија армијата и Националниот центар за управување со кризи. Додека беше на сила „црвеното“ предупредување за воздушна опасност, во областа беа испратени борбени авиони од мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, а аеродромот во Каунас, во близина на вториот по големина град во Литванија, беше затворен, велат од центарот.

    Припадници на литванската армија вршеа увид во остатоци, за кои се претпоставува дека се од дрон, во близина на селото Јуоџионис во северна Литванија, откако летечкиот објект исчезна од радарите, соопштија од центарот. Објектот најверојатно навлегол од правец на Полска, велат од центарот, повикувајќи се на литванската армија. Полската армија денеска соопшти дека ја проверува можноста за повреда на нејзиниот воздушен простор од неидентификуван објект.

    Латвија, северниот сосед на Литванија, во истиот период издаде, а потоа и повлече „жолто“ предупредување за воздушна опасност во некои региони што граничат со Литванија, наведувајќи ја како причина „можната закана“, соопшти латвиската армија.

    Во текот на последните месеци, украински дронови во неколку наврати навлегле во воздушниот простор на НАТО во балтичкиот регион. Од Киев изјавија дека дроновите скршнале од курсот поради руско попречување на сигналите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира