Русија воспоставува безбедносна зона во Украина по должината на нејзината граница, што нема да биде предмет на какви било преговори со Киев во иднина, изјави претседателот Владимир Путин. Тој рече дека операцијата е одговор на украинската инвазија во западниот руски регион Курск во 2024/25 година.
„Руските вооружени сили имаа задача не само да го протераат непријателот од нашата земја, туку и да воспостават безбедносна зона на соседната територија. Оваа задача се извршува успешно. Нашата цел е да обезбедиме апсолутна безбедност на граничните региони на Русија за во иднина и не планираме ова да биде тема на потенцијални мировни преговори со Украина“, кажа Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека планираната безбедносна зона се протега 660 километри, од кои 70% моментално се под контрола на Русија. Не кажа колку длабоко ќе навлегува во Украина.
Путин претходно зборуваше за потребата од таква зона, но не го прецизираше нејзиниот планиран обем, ниту, пак, нагласи дека за неа нема да се преговара. Ова бара освојување на територии во регионите Суми и Харков, кои не се меѓу оние што Путин незаконски ги анектираше во 2022.
Путин рече дека руските сили сè уште не освоиле нешто повеќе од 10% од територијата на Доњецк и 16,5% од регионот Запорожје.



