Стара фабрика за шишиња од Гана е реконструирана во Париз како дел од необична уметничка инсталација на уметникот Ибрахим Махама. Изложбата „Сезона на жетвата“, која се отвори вчера во Фондацијата „Картие“, ја истражува индустриската историја на Гана, колонијалното наследство и судбината на напуштените фабрики.
Махама, еден од најпознатите современи африкански уметници, во своето творештво често користи стари материјали и предмети поврзани со трговијата, индустријата и секојдневниот живот. Со реконструкцијата на фабриката во изложбен простор, тој го насочува вниманието кон индустриското минато на својата земја и промените што ги оставиле економските и политичките процеси.

Махама, еден од најпознатите современи африкански уметници, во своето творештво често користи стари материјали и предмети поврзани со трговијата, индустријата и секојдневниот живот (Фото: Б. Фужерол)
Инсталацијата не е само приказна за една фабрика, туку и за луѓето што работеле во неа, за производството и за објектите што со текот на времето ја изгубиле својата првобитна намена. Преку уметноста, Махама им дава нов живот на материјалите и просторите што некогаш биле дел од индустрискиот развој на Гана.



