ВУЧИЌ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА

    ВУЧИЌ ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈАВучиќ и сопругата Тамара во ред за гласање во Нов Белград (Фото: Ј. Коларов за СДК.МК)

    Носителот на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, доскорешниот претседател Александар Вучиќ, изјави дека неговата листа ги изгубила изборите и дека, според проценката врз основа на стратификуван примерок, Студентската листа ќе има меѓу 135 и 140 пратенички мандати.

    „Немаме резултати, многумина ќе бидат изненадени, а вие ќе сфатите колку некои лажеле. Врз основа на стратификуваниот примерок, јасно е дека ги изгубивме овие избори“, рече Вучиќ, еден час по затворањето на гласачките места.

    На овие избори беше забележан масовен одзив од речиси 70 отсто од запишаните гласачи. Студентската листа успеа да мотивира многу повеќе луѓе кои досега не беа мотивирани да излезат на изборите. Листата на Српската народна странка на Вучиќ освоила  1,7 милиони гласови што е во рамките на она што го освојуваше на претходните избори, додека студентите добија 2,2 милиони гласови.

    Тој им ја честиташе победата на „изведувачите на туѓи валкани работи“ и рече дека нема да бега. Тој беше на власт од 2012 во различни улоги и како премиер и како претседател на државата.

    Признавањето на поразот во штабот на Студентската листа беше пречекано со овации.

    На улиците низ Белград и во другите градови низ Србија веќе се слави победата на Студентската листа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира