ХЕЛИКОПТЕР СО ИТАЛИЈАНСКИ ВОЈНИЦИ СЕ УРНА КАЈ БРЧКО, НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ

    ХЕЛИКОПТЕР СО ИТАЛИЈАНСКИ ВОЈНИЦИ СЕ УРНА КАЈ БРЧКО, НАЈМАЛКУ ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИВо хеликоптерот имало 15 италијански војници (Фото: АП)

    Најмалку четири лица загинаа откако италијански хеликоптер од мировните сили на ЕУ стационирани во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) се урна кај Брчко.

    Хеликоптерот е италијански, потврди министерството за одбрана на Италија. Според босанските медиуми, во хеликоптерот имало 15 италијански војници, од кои четворица загинале, а 11 се повредени.

    Несреќата се случи во близина на селото Горице на границата со Хрватска и недалеку од границата со Србија.

    Италијанските власти не коментираа за причината за несреќата, туку само кажаа дека спасувачките екипи веднаш дошле на местото на настанот.

    Паднатиот хеликоптер бил „ЦХ-47 чинук“, голем транспортен хеликоптер со два ротора. Во несреќата нема повредени цивили, ниту штети на имоти и возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира