САД ЌЕ Ѝ ПРОДАДАТ 500 РАКЕТИ „ПАТРИОТ“ НА УКРАИНА

    САД ЌЕ Ѝ ПРОДАДАТ 500 РАКЕТИ „ПАТРИОТ“ НА УКРАИНАЗеленски изјави дека Украина чекала речиси еден месец САД да потпишат договор за испораки на ракети (Фото: ДПА)

    САД одобрија продажба на 500 ракети „Патриот“ на Украина, кои ѝ се неопходни за одбрана од руските балистички проектили. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека можеби ќе требаат неколку години за да бидат испорачани.

    Американскиот Стејт департмент соопшти дека напредните пресретнувачки ракети „ПАЦ-3 ќе чинат 2,1 милијарда долари и дека ќе бидат целосно финансирани од сојузниците на Киев во Европа и од Канада.

    „Оваа предложена продажба ќе ги поддржи целите на надворешната политика и националната безбедност на САД преку подобрување на безбедноста на партнерска земја, која е сила за политичка и економска стабилност во Европа. Украина ќе плати за оваа купопродажба со донации од Канада, Германија и Норвешка и со национални средства, финансирани од заемот на Европската Унија“, соопшти Стејт департментот.

    Зеленски оваа недела изјави дека Украина чекала речиси еден месец САД да потпишат договор за испораки на ракети, со кои неговата земја е критично слаба. На Киев очајно му се потребни пресретнувачи, но постои глобален недостиг на ваква муниција поради нивната употреба во војната против Иран.

    Ракетите „Патриот“ исто така имаат долго време на производство, со само 600 произведени ракети годишно, според Министерството за одбрана на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира