УАПСЕН ДАВОР МАЦУРА, СОПСТВЕНИКОТ НА СРПСКАТА „АЛТА БАНКА“ И ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО СРБИЈА

    УАПСЕН ДАВОР МАЦУРА, СОПСТВЕНИКОТ НА СРПСКАТА „АЛТА БАНКА“ И ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЛУЃЕ ВО СРБИЈАМацура за време на владеењето на СНС изгради голема бизнис империја (Фото: АТА)

    Ноќеска е приведен Давор Мацура, бизнисмен близок на Српската напредна партија (СНС) и сопственик на „Алта банка“, каде што е прогласен стечај.

    Како што објави „Нова.рс“, полицијата повеќе од 30 часа вршела претрес во просториите на „Алта банка“, на која Народната банка на Србија во саботата ѝ одзеде дозвола за работа поради нарушена ликвидност и влошена финансиска состојба. Пред седиштето на „Алта банка“ во Белград викендов беше забележано засилено присуство на вооружени полицајци.

    Одземањето на дозволата се одрази и врз функционирањето на „Алта банка“ АД Битола, чии експозитури од денеска не работат со клиенти, по воведувањето привремени заштитни мерки од страна на Народната банка на Северна Македонија.

    Мацура е поранешен сопственик на менувачници, кој за време на владеењето на СНС изгради голема бизнис империја и стана еден од најбогатите луѓе во Србија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира