Четири патнички авиони слетаа на аеродроми во Европа денеска по дојава за подметната бомба.
Два авиона беа проверени во Варшава, а трет во Мурсија во Шпанија. Локалните медиуми во Бугарија објавија дека авион што летал од Израел слетал на аеродромот во Софија откако била примена закана со бомба по е-пошта.
Еден авион кој тргнал од лондонскиот аеродром „Хитроу“ имаше непланирано слетување на аеродромот „Варшава Модлин“, каде што беше проверен од специјалисти. Авионот со 181 патник требало да слета на другиот аеродром во Варшава, „Шопен“.
Летот од Копенхаген до аеродромот „Шопен“, исто така, примил закана со бомба, објавија данските медиуми, но слетал според планираното.
Од исти причини, авион на „Рајанер“ од Манчестер изврши итно слетување на аеродромот во Мурсија во јужна Шпанија.
Ова се случува ден откако авион на „Визер“, кој летал од Лондон до Софија, итно слетал во Будимпешта поради закана со бомба. При слетувањето беше придружуван од унгарски борбен авион.


