ТРАМП ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ДЕМОКРАТИТЕ ДЕКА ЗАВРШИЛЕ ДОБРА РАБОТА, ПРИЗНА ДЕКА ЦЕНАТА НА ГОРИВОТО ВЛИЈАЕЛА ВРЗ ИЗБОРИТЕ

    ТРАМП ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ДЕМОКРАТИТЕ ДЕКА ЗАВРШИЛЕ ДОБРА РАБОТА, ПРИЗНА ДЕКА ЦЕНАТА НА ГОРИВОТО ВЛИЈАЕЛА ВРЗ ИЗБОРИТЕТрамп наведе дека постојат многу работи на кои би можел да соработува со Демократите во Конгресот (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп во својата прва реакција на резултатите од меѓуизборите во САД призна дека Демократите си ја завршиле работата добро. Тој кажа дека „во воздухот се чувствувало одредено расположение“ и изрази изненаденост од исходот.

    „Имавме извонредни митинзи. Малку сум изненаден“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

    Заземајќи помирувачки тон, тој наведе дека „постојат многу, многу работи“ на кои би можел да соработува со Демократите во Конгресот.

    Тој исклучи какви било промени во својот кабинет како последица на овие избори.

    Трамп се осврна и на извештаите дека САД планираат напад врз делови од Иран.

    „Мораме да направиме нешто крупно. Тоа би можело да вклучува силен удар. Тие никогаш нема да имаат нуклеарно оружје“.

    Трамп потоа призна дека цените на горивото им наштетиле на републиканците на изборите, наведувајќи дека на луѓето не им се допаѓало тоа што морале да плаќаат повеќе за гориво.

    Трамп ја заокружи својата реакција на „Фокс њуз“ со изјавата дека не ги смета резултатите од изборите за удар врз неговото претседателствување.

    „Демократите се обидуваа да постигнат значајна победа долги години и конечно успеаја во тоа. Им честитам за добрата работа“, кажа Трамп.

    Според последните проекции, Републиканците ќе изгубат мнозинство во двата дома на Конгресот. Ова веќе е потврдено во Сенатот, додека во Претставничкиот дом исто така многу заостануваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира