Бесплатни тестирања за рак на простата ќе се спроведуваат утре (13 ноември) во Здравствениот дом „Железничар“ во Скопје. Тестирањата почнуваат во 13 часот и 13 минути. Од Здравствениот дом велат дека бесплатното ПСА-тестирање на машката популација ќе се одвива како поддршка на светското движење „Мовембер“ (Movember).
„Бидејќи утре е петок 13-ти, кој многумина го сметаат за ‘баксуз ден’ и датум на кој се случуваат лоши работи, пораката е ‘да се разбие малерот’“, велат од „Железничар“.
Утрешната акција е во организација на јавната здравствена установа, заедно со „Проџект хоуп“ (Project Hope), „Ротари ист“ (Rotary east) од Скопје, „Џентлменс кру“ (Gentlemans crew) и „Веспа клаб“ (Vespa club) од Скопје.



