По пауза од неколку години, во Штип се одржа првиот саем на нови автомобили во Македонија под мотото „Нови автомобили – помало загадување на животната средина“. На саемот беа презентирани над 100 автомобили од 14 светски брендови.
„Доминираат електричните автомобили, главно од европските и азиските компании кои се присутни и во Македонија. Има презентација и на пикап-модели и мотори од неколку светски производители, за кои во последно време има сè поголем интерес, како и на најнови модели на акумулатори и електрополначи. Со овој фестивал сакаме да го вратиме духот на автомобилизмот и саемските презентации на најновите модели во Македонија, кои значително помалку ја загадуваат животната средина“, вели менаџерот на саемот, Кирил Димитров Урошев.
Т. ЈОВАНОВСКИ



