ОТКАКО КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА СТАНАА СВЕТСКА ВЕСТ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ЗАКОНСКИ МЕХАНИЗАМ ЗА ДА ГИ ТРГНЕ ОД УЛИЦИТЕ

    ОТКАКО КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА СТАНАА СВЕТСКА ВЕСТ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ЗАКОНСКИ МЕХАНИЗАМ ЗА ДА ГИ ТРГНЕ ОД УЛИЦИТЕВикендов кравите од Крива Паланка беа објавени од голем број светски медиуми. (Фото: Јуроњуз/принтскрин)

    Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски на денешната прес-конференција побара од Владата и од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) итно да утврдат законски механизам со кој локалната самоуправа ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните.

    Според него, оваа постапка треба да се реализира во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Митовски рече дека граѓаните предолго трпат материјални штети, додека правосилните и извршни решенија за одземање на животните, донесени пред повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени. Тој рече дека не бара заобиколување на институциите или законите, туку создавање услови во кои тие ќе можат да постапуваат заеднички, организирано и законски.

    Според градоначалникот, префрлањето на одговорноста меѓу институциите не дава конкретен резултат, поради што повика на заедничко постапување. Тој додаде дека приоритет е решавањето на проблемот и ја потврди подготвеноста на Општината да преземе поголема улога во спроведувањето на акцијата веднаш штом се обезбедат законските услови.

    Проблемот со кравите во Крива Паланка стана тема и во светските медиуми, откако американската новинска агенција АП објави видеосторија која потоа ја презедоа и повеќе други медиуми. Агенцијата за храна и ветеринарство уште во 2024 година издаде наредба за одземање на стадото од тројцата сопственици, но таа досега не е спроведена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира