Роберт Патинсон е потврден како следниот актер кој ќе го игра тајниот агент Џејмс Бонд. Студиото „Амазон МГМ“, кое е сопственик на славната филмска франшиза, објави фотографија од Патинсон како држи пиштол, облечен во смокинг.
„Џејмс Бонд е еден од најлегендарните ликови во филмската уметност, а да ми се довери улогата на 007 е чест што се доживува еднаш во животот. Да се каже дека оваа улога е остварување на сон би било премалку. Неизмерно се радувам на ова партнерство и на работата што претстои“, изјави Патинсон.
Тој ја презема улогата од Даниел Крег, кој сними пет филма за Џејмс Бонд. Новиот филм, кој засега нема име, ќе го режира Канаѓанецот Денис Вилнев, според сценарио на креаторот на серијата „Пики блајндерс“, Стивен Најт.
„Пресреќен сум што можам да му посакам добредојде на Роберт Патинсон како наш нов Џејмс Бонд. Тој ја поседува безвременската душа на 007 и внесува дух што е сосема нов. Едвај чекам да започнеме“, кажа Вилнев.
Патинсон станува Џејмс Бонд на 40 години, во време кога игра уште еден популарен лик, Бетмен. Тој првично се прослави со серијалот филмови „Самрак“, за потоа да се докаже во најразлични жанрови.



