Пожар избувна над потпелистерското село Братиндол и доцна вечерва се шири кон село Српци. Месното население стравува огнот да не ја зафати густата боровата шума во атарот на селото и да се прошири во населбата и кон Пелистер.
Жителите и еколошките здруженија на социјалните мрежи апелираат што е можно поголем број битолчани да се вклучат во гаснењето. (Ж.З.)