ИЗЛОЖБА СО ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ НА ПОЕТЕСАТА СВЕТЛАНА ХРИСТОВА-ЈОЦИЌ ЌЕ СЕ ОТВОРИ НА 19 НОЕМВРИ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

    ИЗЛОЖБА СО ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ НА ПОЕТЕСАТА СВЕТЛАНА ХРИСТОВА-ЈОЦИЌ ЌЕ СЕ ОТВОРИ НА 19 НОЕМВРИ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБАСемејството на поетесата Светлана Христова-Јоциќ подари обемен личен фонд на Музејот на македонската борба за самостојност. (Фото: Музеј на македонската борба)

    На 19 ноември во 19 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се отвори изложба посветена на истакнатата поетеса, есеист, раскажувач и писател за деца, Светлана Христова- Јоциќ (1937–2012).

    Изложбата за првпат ќе ја презентирана официјалната донација на лични предмети од семејството Андреевски, овозможувајќи им на посетителите поблиску да се запознаат со животот и работниот амбиент на истакнатата поетеса. Таа остави опус од над 20 книги. Христова-Јоциќ беше сопруга на доајенот на македонската книжевност Петре М. Андреевски и мајка на уметникот Сергеј Андреевски.

    Таа беше долгогодишен новинар и уредник во Радио Скопје, секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија, член на Македонскиот ПЕН-центар, главен уредник на ревијата „Стожер“ и списанието „Портал“, како и иницијатор на значајната меѓународна манифестација „Македонски духовни конаци“.

    Авторка на изложбата е кустосот Ана Китановиќ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира