ХОЛАНДСКИТЕ ПРОЕКТИЛИ „РУТА“ БИЛЕ ЕДИНСТВЕНОТО НЕУКРАИНСКО ОРУЖЈЕ УПОТРЕБЕНО ВО НАПАДОТ ВРЗ КРИМСКИОТ МОСТ, ФИРМАТА Е ОСНОВАНА ОД РУСИН

    ХОЛАНДСКИТЕ ПРОЕКТИЛИ „РУТА“ БИЛЕ ЕДИНСТВЕНОТО НЕУКРАИНСКО ОРУЖЈЕ УПОТРЕБЕНО ВО НАПАДОТ ВРЗ КРИМСКИОТ МОСТ, ФИРМАТА Е ОСНОВАНА ОД РУСИНМостот претрпе значајни оштетувања во вчерашниот напад (Фото: Телеграм)

    Холандската одбранбена компанија „Дестинус“ објави дека нејзините ракети биле единственото странско оружје што Украина го употребила во вчерашниот напад врз Кримскиот мост. Украина го уништи централниот патен распон на единствениот мост што ги поврзува Русија и Крим, што беше воен и симболичен удар за Владимир Путин пред состанокот со Доналд Трамп и Шји Џинпинг во Кина.

    Олександр Даниљук, претседател на стартапот „Дестинус“, изјави за „Ројтерс“ дека седум од неговите крстосувачки ракети „Рута“ го погодиле мостот за време на операцијата, за која Володимир Зеленски рече дека се подготвувала со недели. Даниљук додаде дека Украина ги користела и беспилотните летала на компанијата „Да Винчи“, познати и како „Лорд“.

    Михаил Кокорич, претприемач роден во Сибир, кој ја изградил првата приватна вселенска компанија во Русија, го основал „Дестинус“ во 2021 година. Откако ја напуштил Русија, создал европски бизнис за оружје и се откажал од руското државјанство поради целосната руска инвазија врз Украина.

    „За вакви важни мисии, испраќате нешто што е докажано дека функционира и е произведено во доволна количина. Украина лансираше девет ракети ‘Рута Блок 1‘, а седум го погодија мостот“, рече Даниљук.

    Откако претходно користеше американски, француски и британски оружја за напади врз Русија, Украина почна да се потпира на широк распон домашно произведени дронови и проектили. Зеленски кажа дека во вчерашната операција биле користени 11 различни системи на оружје.

    „Украинските сили неколку недели систематски ги напаѓаа руските воени системи што го штитеа преминот. Нашите војници постепено уништуваа системи за воздушна одбрана, радари, опрема за електронско војување и други назначени мети на патот кон конечната цел“, рече Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира